Во зората на новата година, застануваме очи во очи со можеби најубавиот начин да се честита истата – со акцент на најмилите, децата и миленичињата. Со неверојатна комбинација на мода и илустрација, дизајнерката Ирина Тошева порачува: „бидете најсреќни, позитивни и свои долж целата година… сакајте се и трудете се секогаш да го извлечете уникатното од себеси на површина“, како што тоа го постигнува со ова несекојдневно парче уметност од кое зрачи љубов и празнична атмосфера.
облеки: Ирина Тошева
фото: Фросина Илиевска
илустрација: Марјан Димиќ
модели: Јована и Боно
шминка: Виктор Мирчевски
фризура: Studio Allure