Премногу блиску до дивиот свет во Африка, фотографии кои ќе Ве пренесат пред сурлата на големиот слон, пред крволочно настроениот тигар… ќе Ви претстават други погледи на дивината. Опасни, збунети, агресивни, љубопитни, но се наоѓаат на своја „територија“. Успешноста на овие фотографии се содржи во скриените камери, поставени од страна на Anup Shah, на повеќе локации. Таинствено набљудувајќи ги животните од своето возило, ги создава овие несекојдневни перспективи на дивиот свет, непознат за нас. Оваа серија е доказ дека технологијата освен што не дели од животинскиот свет, може да биде искористена и за приближување и подобро запознавање со истиот.