Љубителите на животни ќе бидат воодушевени од овие фотографии, дело на Cristina Otero. Нејзината првично докажана креативност со овошните портрети се потврдува и со оваа серија фотографии, насловена Instinct. Таа умешно врши камуфлажа и прави совршено да се вклопи во фотографиите со сите животни. Визуелни, незамисливи комбинации, Otero се приспособува и доближува до разни инсекти и влекачи, и мора да признаеме дека изгледаат прекрасно, како најдобри пријатели, слични еден на друг. Без никакви дигитални манипулации Otero создава креативни авто-портрети. Секоја чест.