Се во празничниот дух, па така и денес Ви нудиме идеја како сами да си направите снешко за Вашата елка од капачиња. Едноставно, креативно и дефинитивно соодветно за овој момент. Искористете го Вашето слободно време или престојниот викенд и фатете се за работа.
Што е потребно?
-капачиња
-акрилна боја
-украсни ленти
-лепак
-копчиња
-ножици
Чекор 1. Обојте ја внатрешната страна на капачињата со бела боја. Доколку сакате можете да ја обоите и надворешната страна, но тоа е по Ваша желба.
Чекор 2. Залепете три капачиња, едно за друго. Залепете и дел од украсната лента на врвот.
Чекор 3. Нацртајте му очи, нос, уста и копчиња на Вашиот снежен пријател.
Чекор 4. Направете шалче од украсната лента, можете само да го заврзете или да му залепите и копче. После ова Вашиот нов пријател е готов и спремен да ја краси Вашата елка без страв дека сонцето некогаш ќе го стопи.