Серија цртежи на кои се претставени прекрасни азиски девојки, дело на Ken Lee познат како KLSADAKO. Изгледаат толку реални, вистински, совршени, со емоција која зрачи од секој цртеж. Во очите на секоја девојка се забележува живост, без разлика дали се полни со тага, радост или збунетост. Совршени дела создадени само со молив и љубов кон уметноста и жената која на многу уметници им служи за инспирација.