Црната убавица, претставена на оригинален начин преку сликите на Frank Мorrison. Претставена на специфичен, адекватен, волшебен начин кој ги надминува сите поделби и предрасуди во светот. Претставена е со несоодветна пропорција на телото, вратот и е издолжен се со цел да симболизира гордост со високо крената глава. Сензуалноста на еден елегантно заводлив начин, преовладува во повеќето слики, кои се испирирани од вистинскиот живот. Сликите се толку бајковите претставено што и не е чудно што новата принцеза, Тиана, на Disney е црна. Одредени детали како: специфичниот дезен на нивната облека и африканскиот накит се културни обележја кои ги оживотворуваат сликите давајќи им своја приказна. Целта на Morrison, при креирањето на овие слики била да докаже дека и црната жена може да биде убава, моќна и без разлика на бојата на кожата таа е жена.