Прашање на време е кога кралот ќе се роди! Ѕвездите на небото се натпреваруваат да блеснат најсилно што можат за да го прослават раѓањето на кралот. Но, кога ќе го видат сиромашното семејство како патува на магаре – ѕвездите веруваат дека биле измамени и почнуваат да ја бледеат својата светлина. Сите од нив, освен една. Најмалата, најситната ѕвездичка на небото – мала, но доволно способна за да разбере дека кралот ќе се роди. Но, колку светлина може да произведе за него?
„Мислам дека сфатив“ – извика малечката ѕвезда… „Бебето Исус е кралот!“ Со намера да стане Божиќна класика, оваа едноставна приказна преку илустрации го поврзува значењето на ѕвездениот врв на елката со вистинскота суштина на Божиќ, во срцата и умовите на малите деца. Видеото кое следува во прилог е совршен приказ на Божиќната магија.