The Hobbit е триологија базирана врз книгите на JRR Tolkien, во режија на Peter Jackson. На голема радост на фановите премиерата е се поблиску, па така првиот дел „Тhe Hobbit: An Unexpected Journey“ ќе пристигне во кино салите на 14 декември, а наредните два дела од филмот ќе ги очекуваме во текот на следните две години. Се работи за авантурите на Билбо Багинс и загубеното кралство на џуџињата, Еребор, кое сега е завземено од змејот Шмауг. Што се однесува до актерската екипа повторно ќе гледаме голем дел од ликовите на култниот Господар на прстените, а во главната улога на Билбо Багинс ќе се најде британскиот актер Мартин Фримен. Во продолжение погледнете ги постерите од ликовите.