Health – Tears e одлично изработен краток филм во режија на David Altobelli и Jeff Desom. Преку кадри во кој акцентот е ставен на солзите, неспокојот, нечистотијата и немаштијата, режисерите прикажуваат спротивност на детската безгрижност, свет во кој децата се oсамeни и плачат . На крајот, поминува една жена која понесува со себе едно од децата, што од некој аспект може да ја симболизира човековата потреба за љубов и заштита, како и да ги мотивира оние кои што немаат плод, да посвојат дете кое што ќе им внесе светлина во животот.