Parco Acque wellness центарот e место каде гостите во италијанскиот Park Hotel ai Cappuccini ќе можат вистински да се релаксираат, а ентериерот претставува визуелна “гозба” за љубителите на убавите простори со футуристички дизајн.
Во овој ентериер, архитектот Simone Micheli успева да направи совршен спој на стара структура, инспирирана од манастирите од 17иот век, со футуристички дизајн и технологија. Како што може да видите на фотографиите, центарот има повеќе базени и џакузи – бањи и извртени фонтани, целиот ентериер е игрив и наликува на посмирена, внатрешна верзија на воден парк. Визуелно беспрекорен дизајн, кој овозможува незаборавно искуство, за кој дизајнерот вели: “во просторот, флуидноста и мултиформата на водата е возвишена со забавен, сјаен и интерактивен внатрешен дизајн “. Навистина исклучително, зарем не?