Swimmer е краток филм во режија на Лин Ремзи, во продукција на „ Warp Films“, снимен на неколку локации во Лондон и поддржан од Олимписките игри 2012. Се работи за млад човек кој плива низ реките и езерата во Велика Британија, а сцените се умешно преплетени со употреба на музика и дијалози од голем број британски филмови направени во изминатите 50 години – Loneliness of the Long Distance Runner, Lord of the Flies, Walkabout… Кон крајот младото момче започнува ноќна прошетка во шума, за потоа да се врати во водата предизвикувајќи чувство на тонење под површината во последните секунди. Сепак авторот остава простор за максимално користење на имагинацијата кон слободна интерпретација, па обидот да се даде субјективен приказ на поентата би бил излишен.