Sculpture For Living е дуплекс во Astor Place Tower, и еден од најубавите апартмани во Њујорк со неверојатен поглед на Менхетн. Беспрекорниот дизајн е на сега покојниот американски архитект Charles Gwathmey во соработка со Robert Siegel Architects. На простор од 410 квадратни метри, дуплексот располага со три спални соби и три и половина бањи, како и пространа, но едноставна и ралаксирачка тераса со џакузи. Фактот што апартманот се наоѓа на 17иот и 18иот кат на зградата, овозможува исклучителен поглед од високо на Менхетн.
Во внатрешното уредување преовладува модернистички стил, карактеристичен за архитектот Charles Gwathmey. Ѕидовите, големите прозорци, дрвените подови и доминацијата на белата боја, потсетува на дизајнот на ентериер во модерните скандинавски домови. Минималната исполнетост на апартманот, овозможува уредување и декорирање на внатрешноста на просторот по желба и вкус на сопственикот.
Луксузниот дуплекс апартман се продаде минатата година по цена од 10 милиони долари.