The Fly е постара анимација која заслужено го има заработено престижниот оскар. Се работи за не цели три минути во кои буквално ќе се трансформирате во мува, гледајќи го светот и човекот со нејзините очи, а чувствувајќи ги нејзиниот пулс и борба за опстанок. Ова е само едно видео кое ни покажува колку е животот мил, па дури и животот на една мува.