Убавината е многу субјективен збор. Меѓутоа во нашето општество таа се третита како стереотип оценувајќи го само физичкиот изглед, притоа ставајќи ги во сенка добрината, човечноста и позитивната мисла. Таквата дефиниција не турка кон постојана битка со самите себе, битка за одговорот како да се постигне недостижносто. Но вистинското прашање е ако секој се бори да биде убав, што тогаш е навистина убавината? Затоа , овој краток филм трага по вистинската дефиниција. Целта на филмот е да се поттикне свеста, особено кај оние кои се подготвени да одат до степен со кој што би се загрозиле себе си, само за да се чувствуваат убаво во очите на останатите. Всушност убавината е она што самите ќе го дефинирате како убаво, а истото ќе направи да се чувствувате најубаво.