Се работи за анимирано кратко видео од 1989 година , дел од „Beltesassar’s Short Animation Festival“ во режија на Bill Plympton чија што носечка поента е – како да ги откажете цигарите. Доколку очекувате навистина да се откажете од пушењето или во најмала рака да извлечете поука, не станува збор за она што мислите. Но доколку пак сакате креативен, умерен „црн хумор“, и уметност од крајот на 80 – тите, ова е анимација која вреди да ја погледнете.