Историски шарм, модерен луксуз и артистички сјај се зборовите со кои најдобро се опишува оваа прекрасна италијанска хотел-палата. Palazzo Gorgoni е скоро реставрирана палaта од 18-иот век која се наоѓа во срцето на барокниот град Галантина на Полуостровот Salento во Puglia, Италија.
Палата чува цела историја во себе, а старите столбови, сводови и сталила раскажуваат приказни стари неколку векови. Во оваа луксузна палата, задржана е оригиналната конструкција и надворешниот изглед на градбата, која е во барокен стил, карактеристичен за периодот од кога истата датира. Надворешниот простор на Palazzo Gorgoni, нуди централен двор типичен за една палата, базен во мермерно опкружување, простран сончев покрив и повеќе тераси за вистинско релаксирање. Во однос на ентериерот, внатрешноста е минимално исполнета и тоа со класичен како и модерен италијански дизајнерски мебел, современи уметнички дела, понекаде ориентален декор и vintage детали како старата Vespa, типично превозно средство во Италија.
Шармантната палата Palazzo Gorgoni е со огромна традиционална вредност и совршено место за одмор за оние кои сакаат да поминат време во едно историско, истовремено модерно, артистичко и луксузно место на оваа полуостровска локација во Италија.