Ira Glass е познат американски продуцент и водител кој важи за еден од најдобрите раскажувачи на денешницата, чии мисли за уметноста на раскажувањето, наменето за почетниците во креативните професии, беа склопени во едно извонредно интервју. Во последно време Glass доживеа уште една потврда за важноста и влијанието на неговите зборови во ова интервју, кога истото го преработи David Shiyang во едно кратко, минималистичко, навистина инспиративно видео во кинетичка типографија.