Ова е многу успешен обид да се визуелизира една од најпознатите уметнички слики „ Ѕвездена ноќ “ од Винсент Ван Гог. Креаторот Petros Vrellis ги оживува боите со помош на анимација, а умешоста на користење на звуците е евидентна, со оглед на тоа што музичката подлога совршено одговара со секое движење.