Дрвените штипки, освен за сушење на нашите алишта, може да имаат и креативна употреба. Ви прикажуваме неколку идеи.
*Проект 1*
Потребни ви се:
– празна конзерва
-дрвени штипки
– мал свеќник
– саксија
На празната конзерва почнете да ги редите штипките една до друга, во внатрешноста додадете мал свеќник или саксија.
*Проект 2*
Потребни ви се:
-картон во округла форма, во саканата големина
-штипки
-(сатенска) лента
Наредете ги штипките на картонот, врзете ја лентата и закачете ги вашите новогодишни желби и картички или чаеви.
*Проект 3*
Потребни ви се:
-округло огледало
-штипки
-(сатенска) лента
Наредете ги штипките околу огледалото, врзете ја лентата и закачете го на саканото место.