Книго-холици, новинари, писатели и уредници: вистинско освежување следува во Вашиот простор, кој радо ќе ги вдоми Вашите најмили! Сино и официјално, никогаш не би претпоставиле што може да крие нејзиниот ентериер. Од пријатни наслови до остроумни цитати, ова е местото каде ќе ја сокриете Вашата љубов кон книгите. TARDIS е полица инспирирана од истоименато летало кое патува низ време и простор од култната британска серија Doctor Who. Како што TARDIS однадвор е ретро полициска телефонска говорница со стандардна големина, а одвнатре огромно летало, можеби и оваа полица ќе ви ја даде таа илузија… што може да се сфати како совршена метафора за книгите – надворешноста е мала, а содржината крие цели светови.