Едно малечко момче отиде во најблиската слаткарница и го праша продавачот колку чини сладоледот на корнет.
Тој му одговори: “50 центи”. Момчето ги извади паричките од својата торбичка, внимателно ги преброи и повторно го праша продавачот колку чини сладоледот во чашка.
Продавачот му одговори: “40 центи”. Нарача таков сладолед и седна на масата надвор, уживајќи во сладоледот. Од како го изеде го поздрави продавачот и си замина.
Кога продавачот излезе да ја собере празната чашка од сладоледот, на масата најде 10 центи бакшиш од момчето. Тој скромен подарок му го разубави денот.
Бидете како ова момче!
Несебично поделете го и она малку кое го имате!
Разубавете нечиј ден со некој скромен мал гест !!!