Бето Гомез е аниматор и стрип-уметник роден и израснат во Сао Луис, Бразил. Неговата љубов кон цртањето е развиена врз основа умор од многубројните телевизиски серии и нивните репризи целодневно на ТV, која подоцна прераснува во ефективно хоби. Како дипломиран дизајнер, тој може да се пофали со кратката анимација со наслов „Читањето убива“ како свој дипломски труд; кој меѓу другото, претставува радикална анти-реклама на љубовта кон убавиот пишан збор. Покрај своевидното исмевање на оние кои ги преферираат книгите, Гомес се труди да илустира свет на општа неписменост и забрани за интелектуален развој. Замислете си свет каде самиот чин на читање е смртоносен. Потребно е повеќе за вистинките книго-холичари да се исплашат…