„Една минута пубертет“ е анимација која ќе ве насмее, а веруваме и дека сите за момент ќе се препознаете во видеото. Авторот Alexander Gellner успева за минута да ги отслика промените кај човекот во развој, притоа акцентирајќи ја сексуалноста. Сите тие трансформации кои се претставени суптилно , на еден брз и креативен начин и без потреба од карикирање, во потполност ја реализираат реалната слика на животот на еден „пубертетлија“.