Само фотографиите од оваа прекрасна шарена куќа во Бразил изнудуваат насмевка на сечие лице, а пак живеењето во него со сигурност би направиле секого среќен и полн со позитивната енергија која ја зрачи секое парче во овој дом.
Ентериерот во овој дом е во еклектичен стил, акцентот е дефинитивно на тиркизниот ѕид, а деталите во просторот како графичките постери, дезените на перниците и прекривките, шарените плочки во кујната и различните столчиња околу масата за јадење се најдобрите моменти во овој дом. Она што е особено интересно тука е тоа што покрај големата колоритност употребена во уредувањето, таа сепак не делува заморувачки на очите. Тоа веројатно се должи на успешното комбинирање и употреба на неутрални парчиња мебел како основа, како и на внимателно одбраната палета на бои и контрастот на истите.