Островската држава Малдиви се наоѓа во Индискиот Океан, брои 1190 острови и претставува една од најпознатите и најубавите егзотични локации во светот. Еден од најубавите острови тука е Курамати, бисерот во Малдивската околина. На островот преовладуваат палмите и белите песочни плажи, опкружени со навидум бескрајна тиркизна вода и корални гребени кои се дом на разновиден морски живот, совршено за долгочасовно нуркање и истражување на убавините на океанот.
Местото на островот кое навистина ги отсликува Малдивите е Kuramathi Island Resort. Концептот и дизајнот на ексклузизниот комплекс кои вклучува употреба на природни материјали и палета на бои на океан, дава чувство на недопрена природа на својата околина. Вилите тука се совршено распоредени во водата, што овозможува секојдневно будење и неповторлив поглед во Индискиот Океан. Парче рај на земјата совршено за релаксација, чии фотографии нудат ескапизам од секојдневниот свет.