“Еден човек”
Има еден има еден
Многу многу многу човек – Белки цело човештво е!
Многу многу многу човек – Белки цело човештво е!
Чунки живо божество е! Има еден има човек
Од човека почовек е:
Прецедена човештина!
Препечена убавина! Топлината на душата
Ти ја дава да се згрееш;
Бистрината на главата
Ти ја дава да успееш… Тој со зборови те гледа,
Тој со очите ти збори –
Малкузборник — многусторник
Те облекува во грижи. Го сретнеш ли, ти среќата
За цел живот ќе ја имаш,
Го видиш ли — видовит си,
Го снема ли — тешко тебе!
Од човека почовек е:
Прецедена човештина!
Препечена убавина! Топлината на душата
Ти ја дава да се згрееш;
Бистрината на главата
Ти ја дава да успееш… Тој со зборови те гледа,
Тој со очите ти збори –
Малкузборник — многусторник
Те облекува во грижи. Го сретнеш ли, ти среќата
За цел живот ќе ја имаш,
Го видиш ли — видовит си,
Го снема ли — тешко тебе!
Има таков многучовек,
Твоето е да го бараш.
Академик Гане Тодоровски, посветено на Тоше