Преку создавање на неверојатна средина за уживање, современ еквивалент на имагинативното препуштање на книгата како финален производ може да се пофали со извонредниот и редок пристап за продажба на истите стаионирана во Пекинг, Кина, со име кое иницира блискост – „Детска Република“. Живописно обоен простор во насока на имагинативна сатисфакција на детскиот ум: со евидентна умисла да го привлече, фокусира и задржи интересот на децата за книгите. Изведено во форма на pop-out дизајн, во облик на виножито кое ги поврзува собите со интерактивно дефинирани места за дружење – со понуда од стотици наслови, ова место е дефинитивен хит како меѓу децата, така меѓу родителите.