Наместо да ги фрлате остатоците од свеќите кои согореле, еве решение како од истите да направите нова свеќа. Напомена, користете стаклени чашки.
1. Ставете ги остатоците во една чинија, а доколку имате дома свеќи чија што површина е облеана со восок, извадете го и подгответе го за подоцна, изделкан на ситни парчиња.
2. Земете тава, ставете малку вода и додадете ја „смесата“ да се топи.
3. Откако ќе се стопат остатоците, можете да го до додадете восокот.
4. И секако, потребни се врвки
5. Залепете ја врвката на дното од чашата.
6. Следно, при сипувањето во чашата, бидете внимателни да не ја потопите целата врвка.
7. Исправете ја врвката во центарот на чашата и чекајте да се зацврсти.
8. Ова е вашата свеќа