Раѓањето на „Помислата на тебе“ поаѓа од авторката желба на Ryan Woodward да ги обедини сопствените страсти во едно уметничко дело: фигуративно дело, 2D анимација и современ танц. Доколки ги поставите овие 3 параметри во една целина и суштината ја центрирате на комплексноста на интимните врски… „Помислата на тебе“ е родена! Ова се зборови на самиот автор, кој наместо да создаде анимирано парче кое комуницира преку приказната, тој успева да овозможи засебно искуство на секој гледач, кое го допира уникатно и лично со различен сензибилитет. Како сопственик на Conte Animated проектот, тој ги комбинира различните видови уметност во една емотивна изложба. Уживајте во неговата смисла за уметноста, кореографијата и љубовта.