Што е пофилмско од „Појадок кај Тифани“ и целата фама околу стилот на Одри Хепберн?
– Позајмување на идејата за сопствената свршувачка забава! Преку култниот печат што овој филм и книга го оставија како врз Холивуд, така врз стилот; инкорпорирањето на сегменти од приказната на Труман Капоти во несекојдневно обележување на важните настани во Вашиот живот, повторно се должи на Green Wedding Shoes Studio, Калифорнија, кој се погрижи за неверојатната венчавка во стилот на „Игрите на гладните“ и секако, неминовната свршувачка во стилот на „Страници за нашата љубов“. Фотосесија со потпис на Axioo Photographers од Индонезија, даваат одговор на горе-поставеното прашање… заробување на љубовта во еден единствен момент, каде згодната bride-to-be носи име Тифани.