На секоја девојка и е потребен малку bling ефект во стилот, независно дали станува збор за вистински фанатик по накит или приврзаник на минимализмот, убедени сме дека не постои девојка која никогаш не ставила парче накит на себе. Но, тука се соочуваме со поголем статистички предизвик: не е штосот во тоа колку го носат, туку во колкава мера го поседуваат. И каде го складираат? Дали уредно среден по фиоки, закачалки, кутии; или едноставно нафрлан на едно место кое нема дно? Затоа, Ви излегуваме во пресрет со идеја, направи сам, мини дрвен плакар за накит.
Потребно Ви е:
- дрвена кутија со многу фиоки (доколку не ја најдете во подрум, на таван или останатите скришни места, веруваме дека се достапни за продажба по реално ниски цени).
- боја во форма на спреј (може да ја најдете во секоја железара, дури и со назнака „колор спреј за автомобили“)
- стар накит без пар, расипани брошеви, привезоци итн.

Изборот на боја не е предмет на детерминација, останува на Вас да изберете која боја највеќе се вклопува со Вашиот стил. Истругајте, избришете, испрскајте. Оставете да се исуши и на крај, декорирајте ги фиоките со светликави детали, циркони и слично. Вистинско освежување на Вашата соба која со себе повлекува значителна практичност при средувањето на Вашиот накит.