Да претпоставиме дека дури и да не сме свесни за тоа, во домот секој еден од нас поседува значителна резерва на копчиња – која може да се искористи за далеку поартистичка намена отколку стандардното зашивање или додавање копче онаму каде што е потребно. Како идеја, Ви презентираме сосема неконвенционален креативен начин да направите уникатни прстени од залихите на Вашата баба.
Еве како:
- Материјалите кои Ви се потребни, всушност, сепак може да ги најдете дома – различни форми на копчиња (оние со поголема величина и интересен дизајн сепак предизвикуваат посилен ефект), прстени го прилагодлива големина (доколку немате некои стари дома, ги има за продажба по продавниците за мониста итн.), супер лепак и клешти.
- Со клештите отстранете го непотребниот дел од позадината на копчето (доколку го има).
- Ставете супер-лепак на задниот дел од копчето и прицврстете го прстенот.
- Оставете да се исуши (трпението е клучен фактор доколку целите кон навистина маркантен ефект на Вашите дланки). Навистина интересен DIY проект, кој ја буди креативноста и прави да се чувствувате како вистинска уметничка душа!