Никол Кидман во моментов преговора околу снимање на филмот „ Grace of Monaco“, филм кој го раскажува животот на Грејс Кели – една од најголемите филмски ѕвезди на сите времиња, а голем дел од филмските критичари не се согласни околу тоа колку Кидман личи и може да се снајде во оваа улога. Инаку Грејс Кели освен што претставува една од најголемите икони на филмските платна, едновремено е и една од најпознатите принцези на сите времиња. Таа по венчавката со принцот Рене III станува Грејс, принцезата од Монако.