Брилијантен дизајн на полица за книги, како креација на Clarke Hopkins Clarke Architects која се базира на илузија позната како Impossible Fork, односно Blivet. Основната идеја на дизајнерот Џон Ленг е да Ве натера да мислите: колку полици се содржани во една? Од лево, гледате четири; од десно, три од нив. Кога идеите се вкрстуваат во една оптичка илузија, преобразбата на процесот на комуникација и рамката на умот на реципиентот, секогаш се доживува со пристрасност – од тука влече корен името на овој дизајн (Пристрасност на мисли). Инспириран од познатиот 2D цртеж на оптички илузионистичка полица, доживува свое отелотворување во 3D: визуелно, оптичката илузија важи за потсетник дека секогаш една иста идеја не може да биде протолкувана на ист начин.