Познат како Али Џи, Борат, Бруно и Диктаторот, контроверзниот комичар Саша Барон Коен подготвува нов филм заснован на приказната за милиониерот кој понуди пари за мажачка на неговата ќерка, хомосексуалка. Приказната за таткото од Хонг Конг кој понуди богатство за оној маж кој ќе успее да го освои срцето на неговата ќерка, очигледно го измотивирала Саша да направи сценарио. Филмот чиј што првичен наслов е „Лезбејка“, ќе го работи продукцијата „ Four by two”, а комичарот ќе ја игра улогата на таткото. Коен неодамна се појави и во друга нова комедија, акциона авантура за агент кој тргнува кон нова мисија во друштво на својот глупав брат.