Снежна топка во ограничено квази-издание со наслов „No Globes“ која е дизајнирана од британското студио Дороти во знак на протест против изградба на неколку јаглени централи во 2009 година. Наместо очекуваната идилична атмосфера и емоција која ја будат овие култни украси во минијатурна сцена, Дороти создадоа грда и еднолична централа која исфрла вознемирувачки облак од црни честички. Реален недостаток на чистота и ведрина, отсликана во внатрешноста на малиот бел свет во стакло…