Гитаристот на Металика Кирк Хамет потврди дека наскоро ќе започне работата околу новиот албум.
„Во моментов работиме на 3D филм, кој се снима во Канада и тоа ни одзема голем дел од времето. Откако ќе го завршиме тој проект ќе се „фрлиме“ на снимање на новиот албум“, изјавува Хамет. Во интервјуто за Rollingstone тој зборува и за Курт Кобејн. – „Негово најомилено парче беше „ Whiplash”. Еднаш дојде на свирка во Сиетл, која беше во рамките на нашата турнеја „ BlackAlbum”. Паметам дека ја свиревме „ Whiplash” и тој ме погледна кревајќи ја раката во воздухот. Тогаш му реков дека знам колку ја сака таа песна и му ја посветив нему“.