Серија фотографии кои бездруго ја докажуваат едноличноста на сопственоста и навиката да таложиме нешта низ животот. „Се што поседувам“ со потпис на шведскиот фотограф Шана Квист е парадоксот на нашето постоење: да се има многу, а всушност да се има малку; со извлечена поента дека материјалните нешта не го прават човекот, туку напротив, во значителна мера му се од помош да се пронајде и дефинира себеси.