Доколку живеете со музика, креирате од љубов и со љубов, вашиот живот започнал да ткае нова приказна. Никогаш иста, никогаш видена, спонтана и променлива. Љубовта и животот немаат совршен концепт, но несомнено се најголемата инспирација. Исползете ја. Создадете нешто, запејте песна, насликајте слика, пренесете ја емоцијата на хартија, подарете мисла, изнудете нечија насмевка. Во продолжение погледнете го ова кратко анимирано филмче за болката, љубовта, музиката… Животот е краток и не е совршен, но тогаш кога ги имате зацртано вашите идеали и кога ќе пронајдете начин да се соочите со несреќата и споменот ќе успее да изнуди насмевка.