Ажурирана мала верзија на вавилонските градини може да послужи како концепт за восхит овие денови во Париз – дизајнерот Mathieu Lehanneur развива одличен модел кој го поставува во срцето на културата, романтиката и уметноста; како ремек-дело во својство на пример, како природата и технологијата се обострани комплементарни добра. Одблизу, оваа вештачки создадена оаза, позната под името „Дигитална Пауза“ е модерно парче уметност со цел да се обезбеди Wi-Fi жариште на чист воздух, наменето на оние кои чекорат по париските улици. Во пакет со дигитална поддршка и информации за туристите, ова место нуди доза интерактивност со своите бетонски столчиња, мали масички и приклучоци за полнење. Сумирано, ова е совшената локација за проверка на Вашата електронска пошта, разговори со пријателите или читање на е-книгата која неодамна ја започнавте. Проектот во основа го поддржува создавањето на јавниот простор, а е охрабрен и поздравен од страна на најпознатите лидерски агенции во областа на екстериерниот маркетинг, JCDecaux.