Сонливи фотографии кои пркосат на силата на гравитацијата во една мистериозна атмосфера: тоа е дефиницијата која го опишува 19 годишниот фотограф од Лондон, Louis Lander Deacon. Луис е момче кое постојано ги поместува границите на сопствената имагинација и со своите 19 години веќе има воспоставено солидно потрфолио, комбинирано од дела за своја душа и за клиентела. Тој продолжува да ја испитува сопствената страст за фотографија, чекорејќи кон оригиналност. Специјализиран за висока мода и едиторијали, како и за надреализам, тој верува во својот сон.