Да се избере кафулето D’Espreso на Менхентен не подразбира обично кафе или ужинка со пријателите, туку восприемање на неговиот некарактеристичен изглед – библиотека која е превртена на страна. Со искористување на слики во реална природна големина, дизајнерот Anurag Nema заедно со неговите колеги од студиото Nemaworkshop создаде неверојатно убедлива илузија. Помалите ѕидови, подовите и таванот се опфатени во печатени плочки во сепиа тон, додека ѕидот непосредно кај влезот е опремен со прозорец од матирано стакло каде природната светлина паѓа на богатиот дрвен под. Се на се, ефектот е фрапантен: до детали е доловена оптичка илузија која покрај што привлекува многу туристи, погодна е за сите што целат кон софистицирано и стилско уживање во кафето.