„Кога животот Ви нуди сон кој е на повисоко ниво од сите Ваши досегашни очекувања – не е разумно да тагувате кога на истиот ќе му дојде крајот“ се зборови на Стефани Мајер и нејзиниот култен „Самрак“, на кој ние, по повод денешната објава, ќе се надоврземе со: кога Вашите пригоди се почестени со уметност која е на повисоко ниво од сите Ваши досегашни очекувања, разумно е да тагувате кога на истата ќе и дојде крајот (меѓу редови, кога ќе се изеде роденденската торта). Повторно, секоја чест на Renata’s cakework и нивните уметнички остварувања во форма на торта.