„Ангели и демони“ во првиот отвор во форма на „А“, „Белата кралица“ веднаш десно во „Б“ – се додека не ги исполните сите букви со наслови соодветни на нив! Типографски создадена од страна на студио Kayiwa од Хелсинки, Финска; оваа интересна полица е насловена како „Alphabet Shelving“ односно азбучна полица која дефинитивно го зачинува просторот. Дизајнот во себе опфаќа материјал од дрво, достапно во сјајни нијанси на црвено, црно, сиво и бело, додека димензиите се следни – должина: 168 см / висина: 185 cm / ширина: 40 см / тежина: 300 кг. Цената на овој несекојдневен производ изнесува 27.060 € и е достапна за купување on-line.