Доколку како дете сте уживале во детските наслови и доколку како родител тежнеете истото уживање да го пренесете на Вашите деца, тогаш потгответе се за едно креативно изненадување кое го потресува умот – артистката Марија Попова успева да предизвика насмевка на секое лице независно возраста. Склуптури од хартија кои во својата суштина визуелно ја прикажуваат содржината на книгата, за кои Попова вели „Книгите, за мене, оживуваат преку моите раце… моите склуптури се мојот начин да го покажам она што зборовите успеваат да го создадат во имагинацијата на читателот“.