Првиот ден, Господ го создал кучето, и му рекол:
“По цел ден ќе седиш пред куќата и ќе лаеш на сите што ќе се појават или ќе поминат. За таков живот, ти давам животен век од 20 години.”
Кучето рекло:
“Тоа е долг период. Доволни ми се 10 години, еве 10 ти враќам.”
И Господ се сложил.
Вториот ден, Господ го создал мајмунот и рекол:
“Ќе ги забавуваш луѓето правејќи смешни работи. За таков живот, ти давам животен век од 20 години.”
Мајмунот рекол:
“Мајмунски работи дваесет години? Тоа е предолго. И јас ќе ти вратам 10 години, исто како и кучето.”
И Господ се согласил.
Третиот ден, Господ ја создал кравата и рекол:
“Ти ќе одиш по цел ден на поле со твојот газда, ќе работиш на жешкото сонце, ќе имаш млеко и ќе ја раниш цела фамилија на твојот газда. За ова, ти давам животен век од 60 години.”
Кравата рекла:
“Тоа е претежок живот, па уште и 60 години? Не, ти враќам 40, ќе задржам само 20 години.”
И Господ повторно се согласил.
Четвртиот ден Господ го создал човекот, и рекол:
“Јади, спиј, играј, и уживај во животот. За тоа, ти давам 20 години.”
Но, човекот рекол:
“Само 20 години? А може ли моите 20 и да ми ги дадеш, плус оние 40 што ги врати кравата, 10 од мајмунот и 10 од кучето? Еве, нека бидат 80?”
,, Добро” – рекол Господ. ,, Сам сакаше така.”
И ете.. првите 20 години човекот јаде, спие и ужива во животот. Следните 40 години р’мба за да си ја издржи фамилијата. Потоа, следните 10 години се глупира за да ги занимава и насмее внуците, а последните 10 години само седи, лае и р’жи на секого :D