Врз база на неодамнешното истражување, спроведено на светско ниво, единственото прашање кое што беше поставено доживеа апсолутен неуспех, кој всушност, не е изненадувачки. Прашањето, кое повеќе звучи како молба, беше следно:
„Ве молиме да го дадете Вашето искрено мислење по повод решение за недостатокот од храна во останатиот дел на светот?“, додека одговорот варираше од континент до контитент. Согласно тоа,
– во Африка, луѓето не знаат што е тоа „храна“;
– во Источна Европа, луѓето се чудат на терминот „искрено“;
– во Западна Европа, луѓето не успеваат да замислат што означува „недостаток“;
– во Кина, Азија, луѓето не се запознаени со значењето на „мислење“;
– на Блискиот Исток, луѓето не чуле што значи „решение“;
– во Јужна Америка, луѓето не знаат да користат „Ве молам“; додека
– во САД, луѓето не се заинтересирани за „останатиот дел од светот“.
Останува да се запрашаме, во каков свет живееме?