Младата велешанка Марија Солева црпејќи инспирација од секојдневието и многуте интересни работи кои ги нудат интернет сајтовите изработува свои уникатни парчиња од полимерна глина. Со ова хоби се занимава веќе 2 години. Фасцинирана од слободата која ја има при работата со глина, која колку и да се трудиш идентично не можеш да ја повториш, без разлика дали се работи за едноставен детал кој се прави за 15тина минути или три часа, изработува слатки мали задоволства кои воодушевуваат.