Покрај одличниот мебел шведскиот бренд IKEA реши да ја изработи најефтината и најпрактична камера KNÄPPA во соработка со тинејџерите инженери од Стохолм. Направена е од здиплено парче картон, камера сензор и интегриран USB конектор, со дебелина од 10 милиметри и собира околу 40 фотографии. Кога ќе биде пуштена во продажба, како и цената се уште се тајна. Погледнете од видеото за што поточно станува збор.