Пред две недели, за време на Фестивалот Токио Хотару – фестивал во чест на свтулките, во реката Сумида беа пуштени 100.000 мали топчиња со LED диоди во нивната внатрешност. Импресивната инсталација ги претставуваше малите прекрасни инсекти со светлечки телца, а од далечина изгледаше како реката да е обоена во сафирна сина боја. Топчињата беа наполнети со соларна енергија, а беа така дизјанирани да ја испуштаат светлината кога ќе дојдат во контакт со вода.
Откако минаа низ центарот на Токио, тие беа “уловени“ во огромна мрежа, за да се спречи загадувањето на околината.